Актерката Јана Стојановска, ќерка на познатата актерка Силвија Стојановска, вели дека се работи за недоразбирање откако нејзината мајка, денеска беше приведена поради наводен шверц на кокаин.
-Не е ништо страшно. Мислам дека се работи за недоразбирање. Не знам со кој памет медиумите објавуваат. Чекам да ја пуштат мајка ми, па да ми каже што се случило, изјави за Женски магазинЈана од Букурешт, каде што живее изминативе месеци со сопругот, кошаркарот Андрија Бојиќ и синот Ненад кој има три ипол месеци.
Како што информираа од Крвичниот суд попладнево, на Стојановска и е одреден 30 дневен куќен притвор, под сомнение за недозволена трговија со дрога, исто како и на лицето В.Б. од Скопје.
Според нофицијални информации, актерката се сомничи дека била дел од логистиката на група шверцери на кокаин, од кои дел биле упсени во ептември годинава во Шпанија, при заплена на 700 килограми кокаин.