По реакцијата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски дека тој не бил поканет на обраќањето на претседателот на државата Стево Пендаровски, претседателот на Собранието објасни дека до сега немало таква практика. Претходно и од кабинетот на Пендаровски реагираа дека Собранието, сепак, исто како и за инаугурацијата, требало да испрати покана до опозицискиот лидер, пренесе ТВ21.
– На годишното обраќање на претседателот на државата не беше поканет ниту еден од лидерите на политичките партии а со тоа покана не беше испратена ни на Христијан Мицкоски. Не само на ова, туку и на сите досегашни обраќања на шефовите на држави не биле поканувани лидери на партии единствено, кога тие биле пратеници. Така и овој пат поканети беа само пратениците, истакнуваат од кабинетот на Џафери.
Мицкоски вчера на прес конференцијата што ја одржа веднаш по обраќањето на претседателот Пендаровски се пожали дека не бил поканет ниту на инаугурацијата ниту на обраќањето на шефот на државата.
-Неканет гостин е недобредојден гостин, рече Мицкоски.