Назначувањето на Карло Анчелоти за менаџер на Евертон, кое се очекува да биде официјализирано во понеделник, би можело значително да ги промени плановите на Златан Ибрахимовиќ.
Според „Дејли телеграф”, 38-годишниот Швеѓанец би прифатил предлог да заигра на „Гудисон парк”, токму поради италијанскиот стратег.
Ибра ќе биде слободен агент во јануари, а нашироко се шпекулираше дека ќе се врати во Серија „А”. Милан и Наполи беа идентификувани како фаворити за неговиот потпис, но заминувањето на Анчелоти од клубот од Неапол го смени планот.
Ибрахимовиќ и Анчелоти работеа заедно во Пари Сен Жермен, и двајцата одржуваат добри односи.