Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека поради санација на изгорена мерна ќелија во трафостаницата лоцирана во пумпената станица Припор, истата заради прекин на електрична енергија и технички зафат на ЕВН нема да работи од 8 до 17 часот. Во истото времетраење прекин во водоснабдувањето ќе има во населбите Аеродром и Ново Лисиче (висока зона), дел од населбата Кисела Вода, Припор, Ракотинци, Сопиште и Добри Дол (општини Аеродром, Кисела Вода и Сопиште).
Од ЈП Водовод и канализација информираат дека поради изведување на водоводен приклучок од Ф-100 мм на ул.Димо Хаџидимов бр.126, без водоснабдување денеска ќе останат корисниците на дел од ул. Димо Хаџидимов и ул.Марко Орешкович од 10:00 часот до завршување со активностите. (општина К.Вода)