Сенатот на САД синоќа го усвои буџетот за 2020 година во износ од 1,4 трилиони долари.
Во вторникот Претставничкиот дом, исто така, го одобри тој пакет од два предлог закона за финансиската 2020 година. Првиот го вклучува здравството и вработувањето, а вториот се однесува на одбраната, финансиите, трговијата, научниот и правниот сектор.
Се очекува денеска американскиот претседател Доналд Трамп да ги попише двата документа за да можат да стапат во сила, со цел да се избегне прекин на работата на Владата.
Пентагон ќе добие 738 милијарди долари за воени активности, што е за 22 милијарди долари повеќе од минатата година. За изградба на безбедносни објекти долж границата со Мексико се наманети 1,4 милијарди американски долари.
Инвестициите во домашни програми се движат од исхрана на децата и стипендии за колеџи до истражување насилство од огнено оружје и програми за обезбедување домови по достапни цени.
Текстот, исто така, вклучува низа нови иницијативи, вклучително и финансирање за воените вселенски сили, зголемување на возраста за купување производи од тутун – од 18 на 21 година и укинување на некои од даноците што би требало да ја финансираат здравствената програма позната како „Обамакер”.