Барселона која под водство на новиот тренер Чави Ернандез најавува сериозна реконструкција на екипата најви дека на списокот со поскаувани фудбалери го има и одбранбениот играч на италијанскиот калчолигаш Јувентус, Матијас Де Лихт. Холандскиот интеранционалец во редовите на шпанскиот гигант би пристигнал во летниот преоден рок. Младиот 22-годишен Де Лихт најви дека е подготвен да го напушти Торино.
Според „Спорт“, Барселона еќе почека за ангажманот на Де Лихт до летото, бидејќи во зимскиот преоден рок ќе биде невозможно да се направи трансфер поради високата плата на поранешниот играч на Ајакс. Холандскиот интернационалец ќе чини помалку од неговата клаузула за ослободување од 120 милиони евра. Јувентус е расположен да го продаде Де Лихт бидејќи ќе му се ослободат пари за да инвестира во нов напаѓач.
Барселона е во фаза на подготвка на трансфер на Филипе Кутињо од кој ќе дојде до пари за да реализира некои од своите поскаувани ангажмани на нови фудбалери.