Иднината на Гвардиола во Манчестер сити зависи во целост од летната селекција

Неодамна се појавија многу шпекулации за иднината на тренерот на англискиот фудбалски шампион Манчестер сити, Пеп Гвардиола, а вчера тој беше поврзан со преселба кај ПСЖ.

Според „Атлетик”, одлуката на стратегот дали да остане долго на „Етихад” во голема мерка ќе зависи од одлуката на управата за летната селекција и дали ќе му биде дозволено да ги привлече вистинските играчи.

Договорот на Каталонецот со клубот истекува во летото 2021 година, но се вели дека постои клаузула дека може да замине една година порано или поточно на крајот на оваа кампања.

Се шпекулира дека за да остане во клубот, Пеп посакал од управата да му дадат средства да привлече барем еден силен централен дефанзивец, како и лев бек и централен напаѓач, кој, сепак, ќе биде доста скап, со оглед на состојбата на пазарот.

Доколку му биде дозволено да ги направи овие трансфери, веројатно е дека ќе потпише нов договор со тимот.

Треба да знаете
Последни објави