Со комплетирање на 11. коло од Првата кошаркарска лига познати се и двојките во четвртфиналето од Купот на Македонија за 2022 година кој ќе се одигра од 18 до 20 февруари. Во Купот кој инаку го носи името на Благоја Георгиевски – Буштур пласман обезбедија првопласираните осум екипи, а ќе се игра по системот, 1-8, 2-7, 3-6, 4-5.
Двојки според пласманот од првенството:
-(1) Пелистер – (8) ТФТ,
-(2) МЗТ Скопје Аеродром – (7) Гостивар,
-(3) Работнички – (6) Феникс 2010,
-(4) Навико Академија ФМП – (5) Еуро Никел 2005
Кај екипите со изедначен број на победи и порази пресудија меѓусебните дуели за пласманот. Бранител на трофејот е тимот на МЗТ Скопје .