Се забил со „ибица“ во метална ограда во Илинден, тешко повредена сопатничка

На 19.12.2019 во 11.25 часот на сервисната улица која ги поврзува улицата „1″ и автопатот „Пријателство”- клучка Илинден, патничко возило „сеат ибица”, со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.В.(32) од с.Илинден, скопско, удрило во метална ограда.

Во незгодата, сопатничката Т.Б.(43) од с.Кадино, скопско, се здобила со тешки телесни повреди по што била пренесена во Градската општа болница „8 Септември” за укажување на лекарска помош.

Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави