Трамп побара итно судење во Сенатот

Американскиот претседател Доналд Трамп побара итно да му се суди во Сенатот, по гласањето за негов импичмент во Претставничкиот дом. Тој се товари за злоупотреба на службената положба и опструкција на работата на Конгресот.

Но, демократите одбија да започнат со постапката, тврдејќи дека републиканците кои го контролираат Сенатот, ги одбиваат сведоците и нема да одржат фер судење.Според бројките во Сенатот, Трамп е скоро сигурен дека ќе биде ослободен.

Процесот на импичмент беше поделен речиси целосно по партиски линии.

Двете обвиненија договорени во средата следуваат по обвинувањата дека Трамп извршил притисок врз Украина да ископа штетни информации за демократскиот ривал Џо Бајден и неговиот син Хантер, а потоа одби да соработува во истрагата на Конгресот за ова прашање.

Во серија твитови, претседателот ги обвини демократите дека не сакаат да одат на суд, бидејќи нивниот „случај е толку лош“.

„Значи, откако демократите не ми дадоа прописен процес во Домот, нема адвокати, нема сведоци, ништо, тие сега сакаат да му кажат на Сенатот како да го води своето судење. Всушност, тие имаат нула доказ за било што, тие нема дури ни да се појават. Тие сакаат надвор. Сакам итно судење! “ напиша Трамп.

Треба да знаете
Последни објави