Додека љубителите на кошарката во САД се во исчекување кога ќе се врати на паркетот младиот виртуоз со баскетот, во дресот на Далас, Словенецот Лука Дончиќ повоторно е актуелен во медиумите. Дваесетгодишниот Дончиќ кој ги воодушеви љубителите на кошарката со своите игри, додека се рехабилитира по повредата со превиткување на зглобот од ногата, медиумите откриваат колку ќе заработи од договор за спортска опрема во која ќе настапува.
„ЕСПН“ објави информација дека договорот е постигнат, а Дончиќ за тоа што ќе ги облече популарните патики „Ер Џордан“, кои ги произведува Најк, ќе добие 100 милиони долари.