Вчера по повод празникот посветен на Св.Никола, во ПОУ „Д-р Златан Сремец” во Кисела Вода под мотото: „Со нашите вредни рачиња, изработуваме за нашите другарчиња” се одржа новогодишна работилница.
На работилницата, ученици од ООУ „Невена Георгиева – Дуња” заедно со другарчињата од ПОУ „Д-р Златан Сремец” инспирирани од интересната легенда за Дедо Мраз која потекнува од Свети Никола, од колачиња направија многу новогодишни фигури.
Сега изработените слатки фигури ја красат новогодишната елка во училиштето.