Чудесен дабл-дабл на Јокиќ, Стеф Кари броеше до 46

Никола Јокиќ одигра одличен меч, но едноставно тоа не беше доволно за неговиот Денвер да се радува. Нагетси загубија на свој терен од Шарлот со 107:115, во меч на кој Јокиќ на крајот заврши со 29 поени и дури 21 скока.

Уште шестмина играчи на Денвер постигнаа двоцифрен број на поени, но Шарлот најде начин како да го изненади домаќинот. Гостите одиграа одлична последна четвртина која ја добија со 38:13 и иако пред крајот на третата четвртина губеа со 19 разлика (94:75), на крајот Шарлот се радуваше.

Србинот за 35 минути поминати на паркетот постигна 29 поени (13/34 од игра) со 21 скок и пет асистенции. На Јокиќ му требаше само една уловена топка за да го израмни рекордот во кариерата по бројот на уловени топки.А она што е особено интересно е што Нагетс никогаш не загубиле во претходните 66 натпревари кога Никола постигнувал најмалку 25 поени и имал 15 скока.

Одлична шутерска партија имаше Стеф Кари кој даде осум тројки и на крајот заврши со 46 поени, а неговиот Голден Стејт го победи Мемфис со 113:104.

Од кошмарот до херојот е патот по кој танцуваше Србинот Богдан Богдановиќ во триумфот на Хокс против Филаделфија – 98:96. Од 13-те удари од игра, Богдан не успеа да постигне ниту еден (од линијата за слободни постигна пет поени), но тренерот му веруваше. А потоа експлозијата, чудо во последните четири минути, Богдановиќ уфрли четири удари и го реши мечот.
Во самата завршница при водство на Филаделфија со 90:88 најпрвин погоди тројка, па по техничката грешка на Џоел Ембид и слободно фрлање, па врза три шута за два и наместо трагичар стана херој на Хокс на Центарот Велс Фарго.

Резултати: Индијана – Хјустон 118:106, Орландо – Њу Орлеанс 104:110, Филаделфија – Атланта 96:98, Мајами – Детроит 115:112, Њујорк – Вашингтон 117:124, Далас – Милвоки 95:102, Денвер – Шарлот 107:115, Феникс – Оклахома 113:101, Јута – Минесота 128:116, Голден Стејт – Мемфис 113:104, ЛА Лејкерс – Сан Антонио 110:138.

Треба да знаете
Последни објави