Поранешниот играч од средниот ред на Интер, Дејан Станковиќ и официјално е нов тренер на српскиот фудбалски првак Црвена звезда, објави клубот. Неговиот договор ќе биде на две и пол години. Тој го наследи Владан Милојевиќ. На овој начин, 41-годишниот Станковиќ се враќа во српскиот гигант од каде започна неговиот фудбалски пат.
Тој играше за екипата од нашиот северен сосед помеѓу 1995 и 1998 година, по што ги носеше дресовите на Лацио од 1998 – 2004 година и Интер од 2004 – 2013 година. Србинот ќе биде прв тренер за прв пат, а досега бил само асистент на Андреа Страмачони во Удинезе во сезоната 2014/2015.
Црвена звезда е лидер во српската Супер лига со 11 бода предност пред вториот Партизан, со 18 победи на 20 одиграни натпревари. Сепак, тимот остана на последното место во својата група во Лигата на шампионите и на тој начин заврши со учество во Европа оваа сезона.