Софија Вергара изгледаше заносно иако во секојдневна облека во четвртокот, кога таблоидите објавија дека таа е спремна да се придружи на телевизиското шоу America’s Got Talent („Америка има талент“).
Папараците ја забележаа 47-годишната актерка кога излегуваше од аптека во Беверли Хилс, Калифорнија. На себе имаше искинати избледени фармерки и чевли со високи потпетици Сен Лорен.
Ѕвездата на „Модерна фамилија“ носеше обична бела маица делумно вметната во фармерките со завратени ногавици, а горе маслинеста зелена јакна.
Од аксесоари, таа имаше обетки во форма на обрач, Ван Клиф ѓердан со детелина, и стилски очила за сонце со златни точки на оквирите.
Актерката, наводно, во средата се сретнала со директори на Ен-Би-Си и членови на продукциската компанија Фремантл – продуценти на Американски талент, според написот на ТМЗ (TMZ).
Eн-Би-Си реши да не ги врати Џулијан Хаф (31) и Габриела Јунион (47) за следната сезона на натпреварувачкото шоу за таленти во продукција на Симон Коуел.
Габриела ја загуби работатата откако се пожали на расна пристрасност и на „токсична“ работна култура во емисијата додека минатата година беше член на жирито заедно со Џулијана, Сајмон (60) и Хове Мандел (64).
Софија моментално е во последната сезона на ТВ серијата „Модерна фамилија“. Таа во комедијата ја игра Глорија Делгадо-Притчет уште од премиерата во 2009 година.