Швајцарија започна со гаснење на една од своите најстари нуклеарни централи по 47 години работење, а планирано е процесот да заврши за околу петнаесет години, пренесува АП.
Нуклеарната централа Мехлеберг е наоѓа на околу 40 километри западно од главниот град Берн.Операторот БКВ соопшти дека планот за демонтажа на фабриката започнува во јануари и ќе трае до 2034 година.
Целиот процес се проценува дека ќе чини околу три милијарди швајцарски франци.Мехлеберг е најмалата од четирите преостанати нуклеарни централи во Швајцарија, потсетува АП.