Ердоган најавува контрамерки за САД

Турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган изјави денеска дека Анкара ќе одговори на евентуални американски санкции поради набавката на руски одбранбен систем, како и поради гасоводот Турски тек, кој ќе носи руски гас во Турција.

Ердоган истакна дека договорот за купување руски систем С-400 е веќе завршен.

– Тие сега велат ‘ќе воведеме санкции поради тоа’, мислејќи на Турски тек, рече Ердоган и додаде дека тоа во целост ги крши правата на Турција.

– Секако и ние ќе имаме наши санкции против сè тоа, потенцираше турскиот претседател.

Треба да знаете
Последни објави