Општина Карпош на бизнисменот Орце Камчев му го поништи решението за градба на болница, што требаше да биде изградена на парцелата зад Клиниката Жан Митрев, дознава „Фокус“.
„Систина фармација“ земјиштето го купиле во 2014 година на јавното наддавање на кое учествувале три компании. Фирмата го добила земјиштето по цена од 3.060 денари за метар квадратен, односно вкупно за него платила 557.616 евра.
Одобрението за градба било издадено во 2015 година, но и по четири години градбата не била почната, иако законскиот рок е лимитиран на две години.
-Решението за ништовно одобрение за градење е издадено минатата недела, поради поминат рок за почнување со градба, велат од Општина Карпош.
Според тогашни информации, приватната болница требало да се состои од приземје и пет ката, а нејзината висина до венец ќе изнесува 21 метри.
Фото: Фокус