Група независни експерти назначени од Советот за човекови права на ОН денеска го повикаа Иран да ги ослободи сите лица приведени за време на неодамнешните протести.
Тие рекоа дека се „шокирани” од извештаите што укажуваат дека затворениците биле измачувани или на друг начин злоставувани.
Во заедничката изјава на повеќе од 10 експерти за човекови права, се проценува дека од околу 200.000 луѓе кои учествувале на неодамнешните протести во Иран, околу 7.000 се уапсени, а илјадници се во притвор.
„Ние сме шокирани од извештаите за злоставување притворени лица”, велат експертите.
Тие додаваат и дека притворените се задржани во пренатрупани центри и дека на некои им е одбиен медицински третман.
Експертите велат дека најмалку 304 луѓе загинале во протестите, повикувајќи се на „веродостојни извори”.