Велимир Перасовиќ веќе не е тренер на Басконија

– Хрватскиот тренер Велимир Перасовиќ, го заврши својот престој како шеф на стручниот штаб на кошаркарскиот евролигаш Басконија.

Баскискиот тим синоќа во Евролигата загуби убедливо на свој терен од Реал Мадрид, пред неколку дена беа декласирани и од Валенсија, па управата реши да ја прекине соработката со Перасовиќ. Ниту во шпанското првенство не им оди, се наоѓат на делба на шесто место, а во Евролигата имаат три порази повеќе од победи после 15 кола.

За Перасовиќ ова беше трети мандат на клупата на Басконија. Тој ја водеше екипата и од 2005 до 2007 година, а потоа и во сезоната 2015/2016. Сега остана 13 месеци.

Треба да знаете
Последни објави