Македонската фудбалска репрезентација годинава во која го имаше премиерниот настап на завршница од Европско првенство ја заврши како 67. пласирана на ФИФА ранг-листата. Покрај настапот на ЕП, Македонија во ноември обезбеди и второ место во квалификациската група за СП-2022 во Катар и настап во баражот за пласман на мундијалот кој ќе се игра во ноември. Овие резултати влијаеа Македонија да го задржи 67. место на кое се наоѓаше и во ноемвриското рангирање.
Оваа година највисокиот ранкинг „црвено-жолтите“ го имаа со пласманот 62.место во април и мај. Ланската 2020 година Македонија ја заврши на 65.место.
Белгија останува на врвот на ФИФА рејтинг-листата, пред Бразил и Франција. Потоа следуваат Англија, Аргентина, Италија, Шпанија, Португалија, а најдобрите 10 ги заокружуваат Данска и Холандија.
Ривалите на Македонија во новото издание од Лигата на нации, Бугарија се наоѓа на 71. место, Грузија е 85. а Гибралатар е 203.