За советниците на ВМРО-ДПМНЕ поважна е одбраната на криминалот отколку интересите на граѓаните

Советничката група на ВМРО ДПМНЕ која е мнозинство во советот на општината, продолжува со своето неодговорно  однесување директно на штета на граѓаните.

Единствена агенда на советниците е заштита на партиските интереси и криминали на најбогатата политичка партија во Европа.

Имено, во текот на денешниот ден беа закажани комисиите кои требаше да ги разгледуваат точките во пресрет на седницата за буџетот за 2020 година, на кои ниеден советник од Вмро Дпмне не беше присутен.

Отсуството не беше најавено, а медиумите пренесоа дека советниците протестирале пред суд во интерес на партијата.

Почитувани, буџетот на општината е најсериозната алатка со која ги исполнуваме ветувањата во интерес на граѓаните за подобра инфраструктура, локален економски развој, здрава животна средина и инвестиции кои отвораат нови работни места.

По којзнае кој пат ВМРО ДПМНЕ се одлучи да биде заштитник на криминалот кој потекнува од нивните сопствени редови.

За советниците на ВМРО-ДПМНЕ поважна е одбраната на криминалот отколку интересите на граѓаните.

Социјалдемократскиот сојуз е во постојана комуникација и средби со граѓаните.

Креираме буџет кој ги решава проблемите и носи развој во општината. Нема да дозволиме ниедно неодговорно однесување да биде на штета граѓаните, а тие тоа го препознаваат.

Треба да знаете
Последни објави