– Јури Ким официјално е новата амбасадорка на САД во Република Албанија.
По вообчаената постапка американскиот Сенат го потврди нејзиното наменување,откако американскиот претседател Доналд Трамп ја номинираше дипломатката од кариера за вонреден и ополномоштен амбасадор на САД во Албанија на крајот од јуни годинава.
Пред Комисијата за надворешна политика на Сенатот на САД, на крајот од октомври таа ги презентрала приоритетите доколку биде назначена за нов амбасадор во Албанија.
Пред сенаторите, Јури Ким се фокусирала на три клучни точки во однос на нејзините цели како амбасадор во Тирана.
Прво,рекла Ким,ќе ја охрабри Албанија да продолжи со стабилниот курс за да постигне два отсто инвестиција во одбраната до 2024 година, така што Албанија да стане уште помоќна и способна како сојузник.
Втор приоритет ќе и биде решавање на политичката криза во Албанија.
-Второ, ќе продолжам да го унапредувам демократскиот развој на Албанија. Со непосредни термини, јас ќе ги повикал лидерите на Албанија да го решат сегашниот политички ќор-сокак на начин што ќе го зајакне барањето на Албанија за пристап во ЕУ, изјавила Ким.
Трет нејзин приоритет ќе биде промовирање на американскиот извоз и инвестиции во Албанија, со цел да се обезбедат можности за американските и албанските граѓани, како и создавање работни места во двете држави.
Родена е во Кореја а израснала на островот Гуам, територија на САД во Тихиот океан. Член е во високата служба за наворешна политика, а работела во Стејт департментот и како директор на Канцеларијата за прашања за Јужна Европа. Претходно била директор во Стејт департментот за студии за дипломатија, шеф на кабинетот на заменик државниот секретар и директор на Канцеларијата за европска безбедност и политичко-воени работи.
Таа исто така била специјален асистент на помошникот државен секретар за Источна Азија и Пацификот и член на делегацијата на САД во шестпартиските разговори за ставање крај на нуклеарната програма на Северна Кореја.
Била политички советник во американската амбасада во Багдад и Анкара. Зборува кинески, јапонски, корејски и турски. Американската амбасада во Тирана од август минатата година е без амбасадор, откако си замина амбасадор Доналд Лу.Таа набрзо треба да допатува во Тирана.