Манчевски од трибината АГЕНДА ИНОВАТИВА 20-24 : Најголем предизвик се луѓето односно да знаат да ги користат новите дигитализирани системи
Јавниот сектор конечно го дигитализиравме. Клучно е да постигнеме дигитален развој. Во таа насока две години потрошивме но успеавме да ги надградиме застарените системи и воведовме систем за ефективно давање услуги по електронски пат. Порталот за е услуги е дел од тој процес со којшто им олеснуваме на граѓаните и ги подобруваме услугите и ефикасноста -истакна Дамјан Манчевски -министер за информатичко општество и администрација и потпретседател на СДСМ на денешната трибина „Агенда Иноватива 20-24″.
Тој потенцираше дека досега се воведени над 120 нови услуги, а до крајот на 2020 целта е овозможување на околу 300 услуги кои ќе им се понудат на граѓаните.
За нас како држава потребен е квантен скок за да можеме да го постигнеме развојот на останатите држави во светот.-истакна Манчевски.
Тој потенцираше дека има простор за иновативност и во јавниот сектор, но главниот проблем се луѓето, односно да знаат да ги работат и користат новите системи.
Воедно тоа е најголем предизвик со кој ќе се соочиме. Целта е да се користат од што е можно повеќе луѓе и институции.-заклучи Манчевски.