На трибината АГЕНДА ИНОВАТИВА 20-24, која се одржува вечерва во Музеј на Град Скопје, а на која учество земаат млади луѓе од претприемништвото и старт ап компаниите учествува и Аријана Коскарова од КреативХаб- (Creative Hub) како надворешен експерт.
Во своето обраќање таа истакна дека за да може да се отвори свој бизнис потребни се идеја, капитал, човечки ресурси, но најважното нешто за да може да опстане таа компанија потребна е насока од страна на државата, односно тим за поддршка на луѓето кои отвораат свои старт-ап компании.
Потребна е поголема поддршка од страна на државата, преку едукација, вештини и стекнување на компетенции. На таков начин, младите луѓе би стекнале повеќе самодоверба, и полесно би го совладале стравот од неизвесноста како ќе работи компанијата во иднина.-потенцираше Аријана од Креатив Хаб.
СДСМ од денеска започна со нови активности, тематски програмски трибини, со независни и надворешни експерти, со стручната јавност. Врз основа на предлозите од овие трибини ќе се креираат конкретни мерки кои ќе бидат дел од новата, победничка програма на СДСМ за изборите на 12 април и новиот четиригодишен мандат.