Петре Шилегов и Зоран Заев велеа дека ќе го решат проблемот со „Дрисла“, две години Шилегов е градоначалник, а проблемот не е решен и „Дрисла“ и натаму го загадува Скопје, рече во изјава за медиумите портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски.
„Заев и Шилегов велеа дека тука, на ‘Дрисла’, се складира и се третира отпад што е штетен за здравјето на граѓаните и на животната средина. Три години Заев и две години Шилегов не најдоа време да го решат проблемот. Скопјани дишат загаден воздух поради согорувањето на отпадот што е складиран на ‘Дрисла’“, истакна тој.
Стоилковски оцени дека на Заев и на Шилегов бизнисот им е пред здравјето на граѓаните.
„Загадува ‘Дрисла’. Загадуваат и согорувањето кокс со 18 отсто сулфурен диоксид и обоениот текстил што се согорува во 8 фабрики на олигарсите на Зоран Заев и Петре Шилегов.
Власта свесно го премолчува труењето на граѓаните. Власта свесно го става профитот на олигарсите пред здравјето на граѓаните“, порача партискиот портпарол.
Тој додаде дека негрижата за здравјето на граѓаните и животната средина ќе заврши по 12 април кога ќе следува и одговорност за досегашните постапки.