По Палермо и Катанија заминува во италијанската фудбалска Серија А. Двата клуба од Сицилија, каде во март иднава година Италија ќе ја пречека Македонија во полуфиналениот бараж за пласман на СП-2022, поради банкрот заминувааат од фудбалската сцена. Палермо тоа го направи пред две години, а сега на истиот чекор беше принудена и Катанија. Ова е трет калчолигашки клуб кој оди во банкрот, зашто годинава тоа му се случи и на Киево од Верона.
Стариот Палермо за која настапуваа македонските репрезентативци Илија Несторвски и Александар Трајковски престана да постои, сменето беше името, грбот и клубот доби нов регистарски број, па започна се одново од Серија Д.
Истијот пат ја чека и Катанија кој до крајот на сезоната ќе ја водат тројца стечајни управници, а доколку во тој период се најде заинтересиран купувач ќе може да го задржи името и грбот на клубот. Во Серија А Катанија помина 17 години. Последен пат испадна во 2014 година.
Пред пандемијата клубот имаше долг околу четири милиони евра, за сега тој да достигне околу 15 милиони евра.