Се поплави дел од словенечкото крајбрежjе – половина држава во „портокалова” фаза поради силен дожд и ветер

Дел од словенечкото крајбрежје утринава се поплави поради силните дождови и ветер кои од синоќа ја зафатија речиси целата држава. Во Пиран се огласија и сирените за опасност, откако големите бранови поплавија дел од градот, јави дописникот на МИА од Љубљана.

Словенечките власти во половина држава прогласија „портокалова” фаза, поради опасноста од излевање на реките и силниот ветер кој е проследен со обилни врнежи. Источниот дел од земјата е во „жолта” предупредувачка фаза.

Според инфомрациите на метеоролозите, ваквото време ќе потрае до крајот на денот, вечерта ќе се стабилизира, но од недела се најавени нови обилни врнежи.

Треба да знаете
Последни објави