На Евертон-Арсенал поинтересно беше во ложата отколку на терен

Евертон и Арсенал одиграа 0:0 во денешниот дуел од англиската фудбалска Премиерлига, па најинтересно беше што овој меч без голови се одигра пред очите на новите тренери кои беа на трибините.

Евертон утрово објави дека Карло Анчелоти е нивни нов тренер, и дека од утре ќе почне да работи, а Италијанецот седеше во ложата и од таму ги гледаше добрите и лошите страни на својот тим. Истото се однесува и на Микел Артета, кој е поранешен фудбалер на Евертон, а од вчера е тренер на лондонските „топчии”.

Сега Евертон е на 15-то место со скромни 19 бода, а Арсенал е незадоволително деветти со 23 бода. Според прикажаното, пред двајцата тренери е многу работа и на тактички и на психолошки план.

Треба да знаете
Последни објави