МВР потврди дека лицето кое загина во пожарот ноќеска во велешката населба Варналиите е нејзиниот сопственик Миле Паунов.
-На 20.12.2019 во 23.30 часот било пријавено дека во Велес, на ул.„Јован Алабаков” настанал пожар во куќа, сопственост на М.П.(79) и истиот загинал. Од пожарот била зафатена и соседна куќа. Пожарот бил изгаснат, се врши увид, велат од МВР.
Куќата која изгоре е споменик на културата, заштитена со закон, бидејќи е дел од Јадрото на Варналиите, со автентична стара велешка архитектура од 19 век, каде што режисерот Милчо Манчевски снимаше делови за спотот за убавините на Македонија.
Фото: 24 Вести.мк