Францускиот претседател Емануел Макрон за време на официјалната посета на Брегот на Слоновата Коска ја доби титулата традиционален поглавар.
Според француските медиуми, титулата на Макрон му е доделена во Абиџан од градоначалникот на главниот град на Брегот на Слоновата Коска, Робер Бегре Мамбре.
– Традиционалните и религиозните поглавари побараа од мене да ви го доделам името „Нџекуале”, односно оној кој претставува мир и спокојство, оној кој е во потрага по мир, кој работи за мир со своите дела, рече Мамбре.
Тој истакна дека Макрон сега е „традиционален поглавар во согласност со најизворната традиција” на Брегот на Слоновата Коска.
Францускиот претседател во таа прилика ја доби и традиционалната облека на поглавар.
Макрон, претходно, за време на посетата на Абиџан изјави дека француските сили убиле 33 терористи во областа Мопти во Мали.