Ливерпул е првиот англиски клуб кој во иста година освоил три меѓународни трофеи

Ливерпул, до наредното светско клупско првенство на ФИФА, на дресовите ќе го носи амблемот на ова натпреварување како потсетување дека е светски првак, а ова им е вкупно 47-ми трофеј во клупската историја, со што се рекордери во англискиот фудбал.

Ливерпул има два пехара повеќе од Манчестер јунајтед, тие се и двата англиски клуба кои го имаат освоено светското клупско првенство. Но, Ливерпул синоќа со победата од 1:0 против бразилски Фламенго стана првиот англиски клуб кој во една календарска година ги освоил Лигата на шампионите, европскиот суперкуп и Светското клупско првенство.

Роберто Фирмино кој го даде победничкиот гол, заедно со голманот Алисон Бекер се првите во историјата кои во иста година станале европски и светски клупски прваци, плус шампиони на Копа Америка.

Треба да знаете
Последни објави