Ашраф Гани победи на претседателските избори во Авганистан

Изборната комисија во Авганистан соопшти денеска дека претседателот Ашраф Гани го освои мнозинството на претседателските избори одржани на 28 септември.

Независната изборна комисија соопшти дека вкупниот одѕив на изборите, кои се карактеризираат со обвиненија за масовна измама, изнесува 1,9 милиони гласачи, и дека Гани освои 50,64 проценти од гласовите, што е доволно за да победи во првиот круг.

Противкандидатите на Гани сè уште имаат право на жалба на овој резултат.

Резултатите од претседателските избори постојано се одложуваа поради обвинувањата за измама и технички проблеми со пребројувањето на гласовите.

Треба да знаете
Последни објави