Вирџил Ван Дајк, играчот на актуелниот европски првак Ливерпул призна дека бил разочаран кога дознал дека не е добитник на „Златната топка“ која се додлеува како признание за најдобар фудбалер годината.
Холандскиот дефанзивец кој игра за Ливерпул, беше фаворит за годинашното признание, но заврши втор во гласањето зад Аргентинецот Лионел Меси од Барселона.
– Точно е дека бев разочаран, но оценив дека е добро да се појавам на церемонијата, и не се покајав, тоа беше убава вечер. Големо достигнување е да се биде меѓу најдобрите фудбалери на светот. Разговарав со Меси, но не многу, затоа што тој не зборува англиски. Но, доволно се разбравме еден со друг и да сфатиме дека имаме голема почит еден кон друг, рече Ван Дајк.