Поради невреме албанските власти забранија испловување на сите видови пловни објекти

Невремето, проследено со дожд и силен ветер, што условува немирно море со високи бранови, го отежна поморскиот сообраќај од Албанија кон Италија и кон Грција, и обратно.

Траектите на релација Бари – Драч, како и Брндизи – Валона, кои сега се преполни со печалбари кои за престојните празници доаѓаат во родниот крај, пристигнуваат со големо задоцнување.

Поради неповолните услови за пловидба привремено е издадена наредба за забрана за испловување од албанскиот брег на сите видови пловни објекти, вклучувајќи ги и рибарските бродови.

Забрана за пловење има и кон грчкиот остров Крф.

Обилните дождови предзвикаа проблеми во одвивањето и на патниот сообраќај,поради одрони од камен и земја на повеќе патни правци.Во одделни делови има и густа магла. Поради тоа надлежните апелираат на внимателно возење и строго почитување на патната сигнализација и прилагодување на брзината според условите на патот.

Треба да знаете
Последни објави