Аталанта го совлада Милан со неверојатни 5:0, што е најтежок пораз за „росонерите” од 1998 наваму, кога истотака беа разбиени со 0:5, тогаш од Рома.
На денешниот меч од италијанската Серија А, домашните фудбалери имаа предност од 1:0 по првото полувреме, потоа од 61 до 72 минута дадоа три гола, најавувајќи ја катастрофата на шесткратниот европски првак.
Аталанта само еднаш, во далечната 1950 година имаше дадено пет гола против Милан, но ова им е највисока победа во меѓусебните дуели.