Мицкоски: Државата има ново име, но ќе се бориме да ја промениме реалноста

Промената на уставното име е реалност и не може да се игнорира , но ке се бориме да го промениме тоа, вели лидерот на опозицијата Христијан Мицковски во интервју на Радио Слободна Европа , одговарајќи на прашањето дали ако победи на изборите ке биде премиер на Република Северна Македонија.

-Ние реалноста во Македонија не можеме да ја игнорираме, но ќе се бориме да ја промениме.Тоа сум го зборувал многу пати во минатото, можам да го повторам и по стоти пат, но мислам дека би било дволично ако ние зборуваме за нешто што е спротивно на таа реалност. Јас сум професор на Универзитетот што е дел од образовниот систем на оваа држава. За жал резултат на капитулантскиотдоговор што го направи Зоран Заев и денеска таа е реалноста, и јас практично предавам во образовниот систем при Министерството за образование, кое е дел од Владата на државата со новата придавка. Плата земам од Министерството за финансии коешто е дел од Владата на државата со новата придавка. Ако инсистираме на тоа и се надмудруваме дали ќе биде вака или така, тогаш би бил лажливец да кажам дека нема тоа да биде така, меѓутоа истовремено никој мене на таа маса не може да ми забрани да кажам дека сум Христијан Мицкоски од Македонија, којшто е Македонец и говори македонски јазик, вели Мицкоски.

Тој признава дека договорот со Грција  беше неоходен поради приемот во НАТО, но не, како што вели , со ваква содржина. ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да го ратификува протоколот за пристап во Алијансата, но не и да го гласа Законот за одбрана додека во него стои Армија на Република Северна Македонија.

-Ние принципиелно имаме став дека ќе коалицираме со секоја политичка партија која ќе ја прифати нашата платформа, односно политичка програма. Ќе седнеме, ќе разговараме, ќе преговараме и зошто да не и ќе коалицираме. Немаме преференци кон ниту една, имаме релации со сите политички партии коишто се претставници на Албанците, имаме со политичките партии коишто не се претставници на Албанците, туку на другите етникуми итн, така што ќе имаме програма на масата и ви за ви таквата програма, доколку најдеме точка на поврзување, зошто да не, вели Мицкоски.

Тој рече дека како партија не се задоволни од тоа како се одвива истрагата за Рекет.

-Мислиме дека има класична злоупотреба и прикривање на вистинскиот инспиратор и сценарист во целиот овој случај, но наскоро, ако гледаме дека овој процес дивергира од реалноста, јавноста ќе биде сведок на тоа што всушност се случувало. Довербата во „Кацарска судството“ и „Русковска обвинителството“ одамна ја загубивме. Ние чекаме да видиме од тактички причини, да видиме до кога ќе се дават во жива кал заедно со нивниот налогодавач затоа што тој е свесен дека тоне во жива кал, но не знам дали тие се свесни дека ги влече со него, рече Мицкоски.

Целото интервју со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, може да го погледнете на видео снимката.

 

Треба да знаете
Последни објави