Римски Лацио е нов фудбалски супершампион на Италија, откако во Суперкупот го совлада првакот Јувентус со 3:1.
Луис Алберто, Лулиќ и Каталди погодија за Лацио, а стрелец на голот за „старата дама” беше Дибала кој со четири гола (сите против Лацио) во ова натпреварување е нов рекордер. Мечот се играше во Саудиска Арабија.
Лацио по петти пат е освојувач на италијанскиот суперкуп, додека Јуве остана на осум. Лацио и пред две недели го совлада Јувентис со 3:1, тогаш во Рим во дуел од првенството.
За Кристијано Роналдо заврши убавата серија од 11 добиени финалиња по ред, а тренерот Маурицио Сари ќе треба во друга прилика да ја чека својата прва титула со италијански клуб.
https://youtu.be/ar7Y_4G7ZcU