Пеачот Шкоро не успеа, Колинда во вториот круг ќе му се спротистави на Милановиќ

Зоран Милановиќ, победник на првиот круг на претседателските избори во Хрватска вечерва им се обрати на граѓаните и побара внимателно да размислат за кого да гласаат во вториот круг.

За претседателската функција кандидатот на СДП и поранешен премиер ќе се бори против актуелната претседателка, Колинда Грабар Китановиќ.

Според најновите неофицијални изборни резултати, од обработени 97,95 проценти од избирачките места Милановиќ победи со 29,53 проценти, Китаровиќ освои 26,72 проценти, независниот кандидат Мирослав Шкоро 24,44 проценти од гласовите.

„Одиме во вториот круг! Но, не одиме во војна, војните завршија. Имам голема шанса и го повикувам целиот хрватски народ да размисли внимателно и на крајот да гласаат и да ми го дадат тоа мало парче доверба. Да живее Хрватска! Да развиеме хрватски знамиња и да започнеме нов спортски натпревар, рече Милановиќ.

Иако Милановиќ има солидна предност пред Китаровиќ, проценките се дека таа ќе се намали, а можеби нема да биде доволна бидејќи голем број на гласови на подржувачи на владејачката ХДЗ, која ја подржа претседателката, отидоа на контото на пеаачот Шкоро кој важи за тврд националист.

Треба да знаете
Последни објави