Прославата на Божиќ во британското кралско семејство вклучува посебна традиција, а тука се и подготовките во кои се вклучени сите.
Од кралската палата споделија фотографии кои ја одушевија јавноста. На нив се гледаат четири генерации заедно – Кралицата, Принцот од Велс, Војводата од Кембриџ и малиот Принц Џорџ – како спремаат божиќен пудинг во добротворни цели.
Инаку, Кралицата ретко може да се види без ташна околу раката, а се чини дека истите правила важат и кога е дома и кога врши секојдневни активности.
Сестрата на малиот Принц Џорџ, принцезата Шарлот, за Божиќ имаше само една желба – пони – која што нема да ѝ биде исполнета. Имено, таткото мисли дека таа е премала за да јава коњ.