Кошаркарот на Вашингтон, Ајзеа Томас е суспендиран два натпревара поради инцидентот на саботниот дуел со Филаделфија од НБА-лигата.
За време на мечот, тој тргна да се пресметува со навивач од првите редови на трибините, кој постојано вербално го навредувал, но обезбедувањето спречи поголем инцидент.
– Играчот на Вашингтон визардс, ајзеа Томас е суспендиран на следните два натпревара, соопшти НБА.
Во досегашниот дел од сезоната Томас има просек од 13,6 поени и 4,8 скока по натпревар.