Митревски: ВМРО-ДПМНЕ прогласувајќи го Буџетот за популистички бара алиби за поразот на 12 април

Координаторот на пратеничката група на СДМС Јован Митревски  денеска ја обвини опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека со тоа што  вчера не гласале за Буџетот за наредната година, уште еднаш покажале дека им се поважни партиските интереси наспроти потребите на граѓаните и решавањето на реалните барања.

– Со гласањето против Буџетот за наредната година повторно на виделина излезе дволичноста и лицемерието на ВМРО-ДПМНЕ. Тие едно кажуваат, друго прават, рече Митревски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ вчера потврдиле дека се против зголемувањето на платите на лекарите и на здравствените работници, против трето покачување на платите во образованието, против зголемувањето на платите во армијата, против зголемувањето на платите на воспитувачките и негувателките во градинките, против покачување на платите на наставно научните работници во институциите…

– Пратениците од ВМРО-ДПМНЕ гласаа против продолжување на мерката семејствата од социјален ризик да земаат 11.700 денари месечно наместо досегашните 3.000 денари, рече Митревски.

Исто така, според него, опозициските пратеници се против покачување на платите во приватниот сектор со субвенции за придонесите, против покачување на пензиите против продолжување на социјалната пензија за 4.000 лица, против тоа 12.000 стечајци да продолжат да земаат по 8.000 денари месечно до остварување на правото на пензија, додаде Митревски.

Треба да знаете
Последни објави