Град Скопје го проектираше буџетот за 2020: Најголем раст во комуналниот сектор

На денешната седница на Советот на Град Скопје ќе се разгледува Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година. Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година е изработен согласно со законските одредби и Буџетскиот циркулар – Насоки за подготовка на буџетите на единиците на локалната самоуправа за 2020 година на Министерството за финансии. Согласно со направените проценки и анализи, со Предлог-буџетот на Град Скопје за 2020 година се предлага износ од 7,3 милијарди денари вкупни приходи и други приливи. Во предлогот се планира и дел од вишокот на приходи остварен во минати години, во износ од  875.668.000 денари. Споредено со 2019 година, предложениот буџет на Град Скопје за 2020 година, се зголемува за 12%.

Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година е изготвен врз основа на начелата на економично и рационално трошење на буџетските средства, зголемување на фискалната одговорност, отчетност и транспарентност. Планирањето на средствата преку дефинираните програми придонесува за поголема транспарентност на планираните и извршените расходи, како и нивно рационално користење. Најголемо зголемување на планираните средства во новиот Предлог-буџет на Град Скопје има во Секторот за комунални работи каде што средствата  за 2020 се зголемени за 72% во однос на 2019 година. Планираните приходи и други приливи во Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година, по категории се прикажани во табелата подолу, како и поединечното учество на секоја категорија на приходи и други приливи во вкупниот буџет.

Табела 1: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ  2020 година – ПРИХОДИ ПО КАТЕГОРИИ

 

ВКУПЕН БУЏЕТ ПРИХОДИ     2019 година ПРИХОДИ     2020 година %на учество 2020/ 2019
ВКУПНО 6.550.980.000 7.346.515.000 100,0 112,1
Даночни приходи (даноци на имот, комунални такси, надоместок за уредување и др. 2.492.050.000 2.631.000.000 35,8 105,6
Неданочни приходи (административни такси, приходи од закупнина) 482.930.000 592.862.000 8,1 122,8
Капитални приходи (продажба и закуп на градежно земјиште и продажба на деловен простор) 501.117.000 513.000.000 7,0 102,4
Приходи од дотации 1.624.309.000 1.808.175.000 24,6 111,3
Трансфери 207.092.000 331.000.000 4,5 159,8
Вишок на приходи од минати години 1.098.832.000 875.668.000 11,9 0,0
Приходи од донации 144.650.000 134.810.000 1,8 93,2
Домашно задолжување 0 460.000.000 6,3 0,0

 

 

Планираните расходи и други одливи во Предлог – буџетот на Град Скопје за 2020 година, по категории на расходи е прикажано во табела 2, како што следи, при што значајно се зголемени вкупните капитални расходи во споредба со планираните во 2019 година:

 

 

 

Табела 2: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ  2020 година – РАСХОДИ ПО КАТЕГОРИИ

 

ВКУПЕН БУЏЕТ РАСХОДИ     2019 година РАСХОДИ     2020 година %на учество 2020/ 2019
ВКУПНО 6.550.980.000 7.346.515.000 100,0 112,1
ТЕКОВНО ОПЕРАТИВНИ РАСХОДИ 4.411.465.000 4.816.832.000 65,6 109,2
плати и надоместоци 1.367.546.000 1.554.277.000 21,2 113,7
резерви и недефинирани расходи 21.000.000 16.000.000 0,2 76,2
стоки и услуги 1.993.123.000 2.097.549.000 28,6 105,2
каматни плаќања 19.000.000 21.000.000 0,3 110,5
субвенции и трансфери 842.796.000 960.006.000 13,1 113,9
отплата на главница 168.000.000 168.000.000 2,3 100,0
КАПИТАЛНИ РАСХОДИ 2.139.515.000 2.529.683.000 34,4 118,2
капитални расходи 2.139.515.000 2.529.683.000 34,4 118,2

 

Износите на секој од поединечните буџети од кои се состои вкупниот буџетот на Град Скопје за 2020 година се наведени подолу во табелата.

Додека пак во прикажаниот графикон е претставена споредбата на  буџетот на Град Скопје за 2020 година во однос на 2019 година.

 

 

 

 

Табела 3: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ 2020 год – ПОЕДИНЕЧНИ БУЏЕТИ

 

БУЏЕТ  НА ГРАД СКОПЈЕ БУЏЕТ 2019 БУЏЕТ 2020 2020/    2019
ВКУПНО 6.550.980.000 7.346.515.000 112,1
Основен буџет 4.397.000.000 4.617.668.000 105,0
Буџет на дотации 1.702.000.000 1.808.175.000 106,2
Буџет на самофинансирачки активности 307.330.000 325.862.000 106,0
Буџет на донации 144.650.000 134.810.000 93,2
Буџет на кредити 0 460.000.000 0,0

 

 

 

 

 

Графикон 1: ПРЕДЛОГ БУЏЕТ  2020 година – ПРИХОДИ ПО КАТЕГОРИИ

 

 

 

 

 

 

 

 

Графикон 2: ПРЕДЛОГ-БУЏЕТ  2020 година – РАСХОДИ ПО КАТЕГОРИИ

 

 

 

Графикон 3:  ПРЕДЛОГ-БУЏЕТ 2020 год. (поединечни буџети споредено 2020/2019 година)

Треба да знаете
Последни објави