Апелациониот суд ја укина пресудата за поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и лидерот на ДПА, Мендух Тачи кои добија по три години затвор во предметот „Титаник 2“, кој се однесуваше за влијание врз одлука на ДИК, објави „А1ОН“.
Предметот ќе се врати на повторно судење поради суштествени повреди на постапката.
Портпаролот на скопска апелација, Сафет Кадриу за Фокус не можеше да ја потврди информацијата дека второстепениот суд ја укина првостепената пресуда.
-Одлуката е донесена, но не е напишана. До крајот на неделава ќе излеземе со официјално соопштение, рече Кадриу за Фокус.
Лидерот на ДПА, Мендух Тачи, беше осуден на три години и два месеца затвор, Бедредин Ибраими доби четири години и шест месеци, а членовите на ДИК, Влатко Сајковски, Сашо Срцев и Анета Стефановска добија по три години затвор