МОК се преименува во ОКСМ и ги преполови делегатите во Собранието

Наместо долга и мачна собраниска седница на Македонскиот олимписки комитет (МОК), долгоочекуваниот собир мина експресно и без турбуленции. МОК се преименува во Олимписки комитет на Северна Македонија (ОКСМ), ги преполови бројот на делегатите и ќе направи измени во Статутот.
– Постигнат е компромис а тој се состои во прифаќањето на едно од барањата на иницијативниот одбор за „уредување на односите“. Иницијаторите бараа поголема застапеност на претставниците на националните олимписки федерации и промени на Статутот на ОКСМ. Договорено е собранието, кое досега имаше 128 члена, сега да има 53 члена, меѓу кои 29 ќе бидат претставници од националните олимписки федерации со право на по еден глас и 24 што ги предложи ОКСМ – рече Примислав Димовски, првиот човек на Боксерската федерација на Македонија (БФМ) и потпретседател на Олимпискиот комитет на Северна Македонија (ОКСМ), во своето кусо излагање.

Новиот управен одбор (УО) ќе има 17 члена, на чело со Васил Тупурковски, како претседател, и со двајца потпретседатели, Примислав Димовски и Перо Антиќ.
Тупурковски во воведното излагање рече дека има(ло) некои нејаснотии и недоследности во статутот и дека тој во еден дел не бил добар. Тој рече дека нужните промени во статутот ќе бидат отстранети во наредниот период, најдоцна до април 2020 година, за кога е најавено ново годишно собрание на ОКСМ.

Треба да знаете
Последни објави