Возило на брзата помош вчера удрило во 10-годишно девојче во Нотингем, кое сега се бори за живот поради здобиените повреди.
Полицијата во Нотингемшир била повикана на терен во 18:30 часот во неделата на 22 декември, за да состави извештај за удар на возило на брзата помош во пешак.
Полицијата потврди дека 10-годишното девојче било пренесено во болница во Нотингем каде е во критична состојба, пренесува британски „Сан“.
Фотографиите од местото на настанот прикажуваат дека ударот предизвикал оштетувања на шофершајбната на амбулантното возило.