Сириец уапсен за напад врз жена во Будимпешта

Унгарската полиција соопшти дека го уапсила Сириецот (25), кој нападнал жена во центарот на Будимпешта.

Тој ѝ пришол на жената која седела во својот автомобил, ја отворил вратата од страната на возачот и ја удрил жртвата пред да влезе во автомобилот, а потоа почнал да ѝ вика на арапски на жената која истрчала од автомобилот за да побара помош, пренесува унгарски МТИ.

Сириецот трчал по неа, ја стигнал и ја удрил неколку пати во лице, а потоа го грабнал нејзиниот телефон.

Се вели дека удрил и еден случаен минувач, кој се обидел да ѝ помогне на жената.

Полицијата многу брзо го уапсила Сириецот, за кој е установено дека добил азил во Германија.

Тој бил приведен во притвор.

Треба да знаете
Последни објави