Најмалку четворица загинати во пожар во психијатриска болница во Украина

Во пожар кој изби во психијатриска болница во источна Украина загинаа четири лица, а три се повредени, соопшти локалната полиција.

Полицијата наведе дека пожарот избил во текот на ноќта во болница во Старобилск, во Луганск.

Пожарникарите два часа се го гаснеа огнот, додека полицијата и болничкиот персонал евакуирале луѓе од болницата.

За сега не е позната причината за пожарот, а истрагата е во тек.

Треба да знаете
Последни објави