Џамија во Германија доби писмо со фотографија на свиња

Навредливо писмо со фотографија од свиња и навредливи пораки пристигна во џамијата „Мурадиј“ во западна Германија.

Тоа е џамија во Дуизбург, која дејствува под покровителство на Турската исламска заедница „Дијанет“, а навредливите пораки во писмото биле упатени на сметка на исламот, Турците и Арапите.

Писмото пристигнало на адресата на џамијата од Минхен, но се претпоставува дека адресата на испраќачот е лажна.

Германија е поприште на чести исламофобични, ксенофобични и расистички напади, кои во најголем дел ги поттикнуваат приврзаниците на радикалната десничарска Алтернатива за Германија (АфД).

Во првите три четвртини од оваа година германската полиција регистрира најмалку 597 исламофобични напади, а целта на нападите беа и десетици џамии.

Треба да знаете
Последни објави