Срѓан, таткото на најодбриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ порача дека неговиот син ако треба ќе почека за да го освои 21 гренд-слем трофеј во Париз. Оваа тема се наметна откако Австарлија не дозволува на невакцинираните тенисери да учествуваат на првиот сезонски гренд-слем турнир Австарлија опен, каде Ѓоковиќ е актуелен победник и деветкратен освојувач на трофејот во Мелбурн. Според бројот на освоени гренд-слем титули Ѓоковиќ се израмни со Роџер Федерер и Рафаел Надал годинава на Вимблдон, а на УС опен имаше прилика да ги надмине, но загуби во финалето од Данил Медведев.
Турнирот во Мелбурн кој почнува на 17 јануари и ќе трае до 30 истиот месец е првата прилика за да испише историја во белиот спорт, но здравствените ковид-протоколи веќе неколку месеци отворија простор за медиумите да шпеклулираат дали Ѓоквоиќ е вакциниран или не додека тој мудро молчи !?
-Дали ќе му дозволат да игра во Мелбурн, тоа е нивна работа. Ако така одлучиле нека си тераат по свое. Новак девет пати е шампион на овој турнир и сака да игра ако му дозволат. Ќе го направи тоа што смета дека е најдобро за него. Никому нема да му дозволи да му наметнува мислење. Што да правиме ако не добие дозвола… Ќе почекаме да дојде Ролан Гарос и 21 гренд-слем титула ќе ја брка таму – излави Срѓан, таткото на Новак во пресрет на Австарлија опен.
Таткото на Новак открива како влијаел поразот од Медведев во финалето на УС опен
-Го измеси од колосек, но мојот син знае дека победите и поразите се составен дел од спортот. Како што ги прифаќаш победите, така и поразите. Честопати сум му укажувал во неговата кариера дека кога игра лошо, а победува, не е добро – открива Срѓан, кој не се сомневаа воопшто дека годинашното издание на Вимблдон нема да му биде последен настап на голем турнир.
-Новак ќе освои најмалку уште два Вимблдона и уште неколку други гренд-слем турнири. Сигурен сум. Ти се сомневаш во тоа !? Не трерба да се биде голем стручњак. Новак ќе игра уште две-три години и тоа ќе му биде доволно да ги оствари своите амбиции – открива таткото на Ѓоковиќ.